Ekipa
21 Ноември 2022•Ажурирај: 23 Ноември 2022
БЕРЛИН (АА) - Германија е во преговори со Варшава за испорака на системот за противракетна одбрана „Патриот“, изјави денес портпаролот на Министерството за одбрана, по неколку дена откако залутана ракета падна во Полска, при што загинаа две лица, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Ние сме во интензивен контакт со Полска. Полската страна ја доби оваа понуда од нас по падот на ракетата. Ќе се координираме со полската страна, а потоа ќе обезбедиме повеќе информации“, изјави Дејвид Хелболд за новинарите во Берлин.
„Како целина, понудата вклучува воздухопловно патролирање и системот Патриот“, додаде тој.
Министерката за одбрана Кристин Ламбрехт претходно за локален медиум изјави дека Германија „ѝ понуди поддршка на Полска во обезбедувањето на воздушниот простор – со нашите еурофајтери и со системите за противвоздушна одбрана Патриот“.
„Ракетниот инцидент во Полска покажува дека воздушната одбрана на НАТО мора да се подобри“, нагласи таа.
„Ова е особено точно во однос на партнерите во НАТО како што се Полска, Словачка и балтичките земји, кои директно се граничат со Русија и Украина“, изјави министерот за „Рајнише пост“.
Според генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, ракетата што падна во Полска минатата недела била истрелана од украинскиот систем за воздушна одбрана и не бил руски напад.