Ekip
10 Јануари 2021•Ажурирај: 12 Јануари 2021
БАЊУЛ
Тимовите за борба против наркотиците во Гамбија, запленети се околу три тони кокаин, во Бањула, што е највеќе во историјата на земјата, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Околу 2,9 тони кокаин распореден во 118 вреќи, испратени се од пристаништето Гуајакула во Еквадор во над Алгекирас во Шпанија, преку компанијата Марск Лајн Шипинг, рече Усман Саидбах, гласноговорник на Агенцијата за борба против трговијата со наркотици на Гамбија.
Дрогата спакувана како индустриска сол, стигна во Бањул на 1 јануари. Полицијата го уапси Гамбиецот Шериф Нџие чие име е користено како контакт на лице за испорака.
Сепак, агентите за борба против наркотици наведуваат дека испораката му припаѓа на Бант Кеит, државјанин на Франција, со престој во Гамбија.
„Шериф Нџие моментално е во притвор, помага во истрагата, а во тек е потрага по Бант Кеит", рече Саидибах.
Уличната вредност на запленетата дрога е околу 88 милини долари.
Гамбија е транзитна рута за трговија со наркотици од Јужна Америка кон Европа и други дестинации.
Саидбах рече дека почетните откритија укажуваат дека испораката не била наменета за Гамбија.
„Заплената е уште една потврда дека Гамбија, како другите земји во западна Африка, продолжува да биде складиште и транзитна рута за кокаин за меѓународните криминални групи", додава Саидбах.