Emre Aytekin
09 Јануари 2018•Ажурирај: 09 Јануари 2018
ФИЛАДЕЛФИЈА (AA) - Цариниците во САД пронајдоа 317 килограми кокаин во бродски контејнер натоварен со мебел, што доаѓаше од Порторико, јавува Аnadolu Agency (AA)
Во изјавата на Царинската управа на САД и на граничната администрација, беше кажано дека на пристаништето во Филаделфија, службениците коишто вршеле рутинска контрола направиле детален претрес, поради сомневање.
Во изјавата е наведено дека при деталниот претрес биле пронајдени 317 килограми кокаин во вкупно 250 пакувања складирани во деловите од кабинетите за спални и кујнски елементи.
Се наведува дека истрагата за инцидентот продолжува.