свет

Ердоган: „Настаните во Европа и во САД ги покажаа двојните стандарди против Турција"

„Видовме примери пред неколку месеци во Франција. Сведочевме и на слични реакции по неодамнешните случувања во САД. Сите овие случувања прават Западниот свет да биде предмет на искрена самокритика", истакна Ердоган

Dilara Hamit  | 09.01.2021 - Обновена : 10.01.2021
Ердоган: „Настаните во Европа и во САД ги покажаа двојните стандарди против Турција"

ИСТАНБУЛ

Западниот свет би требало да биде самокритичен кога станува збор за демократијата, правата и слободите, рече претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган, јавува Агенција Анадолија (АА).

Коментарот на Ердоган следуваше откако приврзаниците на американскиот претседател во заминување Доналд Трамп упаднаа во Капитол.

Турскиот претседател рече и дека оние кои не можат да ги поднесат дури ни импликациите од тероризмот се обидоа да ја спречат Турција во борбата против терористите.

„Видовме примери пред неколку месеци во Франција. Сведочевме и на слични реакции по неодамнешните случувања во САД. Сите овие случувања прават Западниот свет да биде предмет на искрена самокритика кога станува збор за демократијата, правата и слободите", рече Ердоган.

Тој наведе дека сето ова ја прави самокритиката неопходна за Западниот свет во услови на демократијата, правата и слободите.

„Но ако оваа самокритика не биде направена, или како што видовме во минатото, биде продолжено сфаќањето дека нивните грешки се ипсравни, тоа значи дека овој свет дојде на една нова раскрсница", рече Ердоган.

Неговите критики следуваа на церемонијата на отворањето на новиот мост на југоистокот на земјата на која присуствуваше преку видеолинк.

Во средата приврзаниците на американскиот претседател Доналд Трамп го прекинаа потвдувањето на победата на Џо Бајден на претседателските избори и се судрија со полицијата што доведе до упад во зградата на Капитол.

Најмалку пет лица смртно страдааа откако демонстрантите влегоа во зградата. Меѓу страданите е и жена во која пукаше полицијата на Конгресот.

Овие сцени се невидена дамка на мирната транзиција на моќ во САД.

Ердоган рече дека бројните неодамнешни настани во Европа и САД уште еднаш ги покажаа двојните стандарди против Турција.

Турскиот претсседател додаде дека биле изненадени со острите мерки кои при првата закана ги спровеле оние кои Турција ја обвинуваат дека не спроведува демократија и ги ограничува правата и слободите.

Ердоган рече и дека светот има потреба од нови заеднички вредности базирани на праведноста, еднаквоста и одржливоста кои ќе ги прифати целото човештво. 

Ердоган истакна и дека се надева оти глобалниот политички и економски поредок, кој дојде до израз во текот на пандемијата, ќе биде обликуван во тие рамки.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.