Safvan Allahverdi
06 Мај 2020•Ажурирај: 07 Мај 2020
ВАШИНГТОН (АА) - Американскиот државен секретар, Мајк Помпео и неговиот руски колега, Сергеј Лавров, остварија телефонски разговор во врска со договорот за контрола на оружјето, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Портпаролката на американскиот Стејт департмент, Морган Ортагус, даде писмено соопштение во врска со телефонскиот разговор меѓу Помпео и Лавров.
Во соопштението се наведува дека се разговарало за договорот за контрола на нуклеарното оружје меѓу САД и Русија, а исто така се осврнале и на борбата против Ковид-19, и други прашања од заеднички интерес.
- Договорот за нуклеарни сили со среден дострел -
Договорот, потпишан во 1987 година од страна на американскиот претседател Роналд Реган и лидерот на Советскиот сојуз Михаил Горбачов, предвидува забрана на нуклеарните ракети со среден дострел меѓу 500 и 5.500 километри. Договорот не ги вклучува ракетите кои се истрелани од море.
Договорот за нуклеарни сили со среден дострел 30 години не дозволуваше нуклеарните проектили да влезат на европска територија. Главната цел на договорот беше да се намали ризикот од нуклеарна војна во Европа за време на периодот на поделбата на Источна и Западна Германија. Според договорот, чија цел е елиминирање на заканата од нуклеарна војна, за 4 години биле уништени приближно 2.700 проектили.
Доколку договорот биде укинат, се наведува дека САД ќе ги принудат сојузниците на НАТО и повторно, после февруари, ќе ги распоредат своите проектили на европска територија.
Во овој контекст, се наведува дека со оглед на тоа што за производството на нови проектили е потребно време, ќе се користи арсеналот на САД со среден дострел, кој може да се прилагоди за брзо лансирање од копно.
Администрацијата на САД тврдеше дека Русија, а руската администрација дека САД, го прекршиле Договорот за нуклеарни сили со среден дострел.