Elena Trenchevska Chekovic
12 Август 2025•Ажурирај: 13 Август 2025
СКОПЈЕ (АА) – Спасувачките екипи извлекоа живо палестинско девојче од урнатините на срушена зграда во Газа, јавува Анадолу.
Извлекувањето на девојчето од страна на персоналот за итни случаи е забележан на видеоснимка, додека операциите за пребарување и спасување продолжуваат за Палестинците заробени под урнатините.
Шест лица се убиени, а повеќемина се повредени во израелски напад врз куќа во населбата Зејтун во југоисточниот дел на градот Газа.
Телата на загинатите и ранетите се однесени во Баптистичката болница Ал-Ахли.
Израел се соочува со зголемена осуда за својата геноцидна војна врз Газа, каде што од октомври 2023 година уби речиси 61.500 Палестинци.
Минатиот ноември, Меѓународниот кривичен суд издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговиот поранешен министер за одбрана Јоав Галант за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.
Израел се соочува и со случај за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата за своите воени дејства во енклавата.