Dilara Zengin
07 Август 2020•Ажурирај: 09 Август 2020
ВАШИНГТОН
Социјалната мрежа „Фејсбук“ го продолжи моделот на работа од дома кој е имплементиран поради пандемијата на Ковид-19, а вработените во „Фејсбук“ од дома ќе работат до јули 2021 година, јавува Агенција Анадолија (АА).
Портпаролката на „Фејсбук“, Нека Норвил, Nneka наведе дека врз основа на упатувањата од здравствените и јавните експерти, на вработените на компанијата им се овозможува доброволно продолжување на работата од дома до јули 2021 година.
Истакнато е дека со одлуката донесена за продолжување на работата од дома, на вработените ќе им бидат доделени додатни 1.000 долари за работните потреби од дома.
„Гугл“, еден од американските технолошки гиганти, минатата недела исто така објави дека работата од дома, поради пандемијата на Ковид-19, на неговите вработени е продолжена до 30 јуни 2021 година.