Nuri Aydın
03 Март 2020•Ажурирано: 03 Март 2020
АНКАРА (АА) - Од новиот тип коронавирус Ковид-19, што за првпат се појави во градот Вухан, во кинеската покраина Хубеи, досега во светот се заразени над 90.000 лица, пишува Агенција Анадолија (АА).
Според веста што ја објави „Саут Чајна морнинг пост“ („South China Morning Post“), од епидемијата на вирусот Ковид-19 досега животот го загубија 3.116 лица. Од смртните случаи, 2.943 се во континенталниот дел на Кина, а 2 во Специјалниот Административен Регион Хонгконг. Бројот на смртни случаи во другите земји од светот е следен: Иран 66, Италија 52, Јужна Кореја 28, Јапонија 12, САД 6, Франција 3 и по еден смртен случај во Австралија, Тајланд, Тајван и Филипини.
Во континенталниот дел на Кина регистрирани се 80.151 случај на заболени од Ковид-19, 100 случаи има во Специјалниот Административен Регион Хонгконг и 10 во Специјалниот Административен Регион Макао.
Новиот тип коронавирус, според регистрираните случаи и информациите објавени во националните медиуми, е забележан во следните земји:
Јужна Кореја 4.812, Италија 2.036, Иран 1.501, Јапонија 980, Франција 191, Германија 157, Шпанија 119, Сингапур 108, САД 102, Кувајт 56, Бахреин 47, Тајланд 43, Швајцарија 42, В. Британија 40, Австралија 33, Малезија 29, Канада 27, Норвешка 25, Ирак 21, ОАЕ 21, Австрија 18, Холандија 18, Виетнам 16, Шведска 15, Либан 10, Израел 10, Белгија 8, Грција 7, Хрватска 7, по 6 случаи се забележани во Оман, Еквадор, Филипини, Индија и Русија, по 5 во Алжир, Мексико и Пакистан, 4 во Данска, по 3 во Азербејџан, Филипини, Чешка, Романија, Грузија, Катар и Исланд, по 2 во Бразил, Белорусија, Индонезија, Египет и Португалија и по 1 случај во Авганистан, Андора, Ерменија, Камбоџа, Доминиканска Република, Естонија, Ирска, Јордан, Литванија, Луксембург, Мароко, Монако, Непал, Нов Зеланд, Нигерија, Северна Македонија, Сан Марино, Саудиска Арабија, Сенегал, Шри Ланка и Тунис.