Muhammet Kurşun
03 Март 2020•Ажурирано: 04 Март 2020
ТЕХЕРАН (АА) - Во Иран од новиот вид коронавирус (Ковид-19) починаа уште 11 лица, со што вкупниот број починати се искачи на 77, а бројот на откриени случаи на 2.336, јавува Агенција Анадолија (АА).
Заменик-министерот за здравство на Иран, Али Риза Реиси, одржа прес-конференција во Техеран во која нагласи дека уште 11 лица почнале од Ковид-19, додека откриени се 835 нови случаи.
Реиси рече дека вкупниот број починати од оваа зараза се искачи на 77 лица, додека бројот на откриени случаи на 2.336.
Тој истакна дека 8.532 лица дошле во болница со сомневање дека имаат коронавирус, од кои 5.737 лица се тестирани.
Како што истакна, 435 лице се излекувани и отпуштени од болница.
Реиси соопшти дека најмногу случаи се откриени во Техеран, Кум и Гилан.