Ayhan Şimşek
03 Март 2020•Ажурирано: 03 Март 2020
БЕРЛИН (АА) - Со новиот вид коронавирус Ковид-19, во Германија се заразени 188 лица, потврдија денеска од Институтот за контрола на болести „Роберт Кох“, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Најголем број заразени има во северозападната покраина Северна Рајна-Вестфалија, каде што со вирусот се инфицирани 101 лице“, изјави Ларс Шаде, потпретседател на Институтот „Роберт Кох“, на прес-конференцијата во Берлин.
Истовремено, бројот на заразени лица во главниот град на Германија порасна на три, меѓу кои и учител кој неодамна се вратил од Италија.
Германските власти привремено затворија две училишта во Берлин, училиштето „Емануел Ласкер“ и Берлинското метрополиско училиште, поради страв од ширење на вирусот.
Коронавирусот го запали глобалниот аларм, а вклучувајќи ја Кина како епицентар на ширењето, од коронавирисот починаа 3.116 лица, а заразени се над 90.000 лица.
Освен Кина, коронавирусот се прошири во најмалку 73 држави, со над 10.000 заболени.
Светската здравствена организација (СЗО) го зголеми глобалниот степен на ризик од коронавирусот (Ковид-19) од „висок“ на „многу висок“.