Gökhan Ergöçün
05 Јуни 2023•Ажурирај: 07 Јуни 2023
ИСТАНБУЛ (АА) - Германскиот извоз изнесуваше 130,4 милијарди евра во април, што е за 1,5 отсто повеќе на годишно ниво, покажаа официјалните податоци на Дестатис денес, јавува Анадолу.
Извозот на земјата исто така се зголеми за 1,2 отсто на месечна основа, благодарение на чекорите на Кина за повторно отворање на економијата, што го зголеми увозот од Германија.
Германскиот извоз во Кина во април беше зголемен за 10,1 отсто на 8,5 милијарди евра на месечно ниво.
Германскиот увоз во истиот период е намален за 10,3 отсто на 112 милијарди евра.
Надворешнотрговскиот суфицит на Германија во април изнесуваше 18,4 милијарди евра, во однос на 14,9 милијарди евра во март.
Извозот на земјата во земјите членки на ЕУ изнесуваше 71,4 милијарди евра, додека уделот на земјите кои не се членки на ЕУ во извозот на Германија во април изнесуваше 59 милијарди евра.
Главна дестинација на германскиот извоз во април беа Соединетите Американски Држави (САД) со 13,1 милијарда евра.
За време на првите пет месеци од годинава, извозот на земјата изнесуваше 528 милијарди евра, а увозот 462,4 милијарди евра.