Muhammet Nazım Taşcı
07 Август 2020•Ажурирај: 08 Август 2020
САН ХУАН
Земјотрес со јачина од 4,8 степени го погоди Порторико, автономен остров на Карибите, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на Центарот за геолошки истражувања на САД, епицентарот на земјотресот бил во близина на градот Гуајанила кој се наоѓа во јужниот дел на земјата.
Се истакнува дека земјотресот со јачина од 4,8 степени се случил на длабочина од 12 километри.
Голем број жители на Порторико, по земјотресот излегоа на улици.
Властите сѐ уште не дале изјава околу можни жртви или повредени.