Sayed Khodaberdi Sadat
16 Јануари 2017•Ажурирај: 17 Јануари 2017
МЕЗАР-И ШАРИФ (АА) - Поради зголемениот број напади на терористичката организација ДЕАШ во Геримчер, Авганистан, жените одлучија да земат оружје и да се борат против терористите, јавува Anadolu Agency (AA).
Жените на кои припадниците на терористичката организација им убиле членови од семејствата и им ги уништиле домовите, порачаа дека против ДЕАШ ќе се борат сѐ додека се живи.
Ај Џемал, една од жените кои се борат против ДЕАШ, за АА изјави дека припадниците на терористичката организација го нападнале нивното село, и ги убиле нејзините деца и сопругот.
Таа вели дека заедно со другите жени се вооружале со цел да се одбранат себеси и народот и дека ќе се борат сѐ додека се живи.
Џемал додаде дека тргнале да се борат за храброста на Авганистанките да ја му покажат на целиот свет.
Таа истакна дека младите во селото се убиени и дека поради тоа што има недоволен број припадници на безбедносните сили, останале незаштитени.
Исто така, таа истакнува дека 20 лица се борат на теренот и дека доколку добијат поддршка од државата во облик на оружје, ќе бидат повеќе од стотина.
Бадам Ѓул истакнува дека терористите пред три месеци во судир ѝ го раниле синот и дека тој е на лекување.
„Нашата судбина не се знае, можеби ДЕАШ ќе дојдат и ќе нѐ убијат. Поради тоа бараме итна помош во оружје“, истакна Ѓул.
Локален претставник на полицијата, Абдул Хафиз Хаши истакна дека ќе им даде поддршка во вид на оружје и муниција на жените кои се борат против терористичката организација ДЕАШ.
„Покрај поддршка во вид на оружје и муниција, на жените ќе им дадеме поддршка и во вид на храна“, додаде Хаши.
ДЕАШ го зголеми дејствувањето во Авганистан, каде што се појави на почетокот на 2015 година. Терористичката организација ДЕАШ дејствува особено во северниот дел на Авганистан, а се претпоставува дека во Кундуз постои центар за обука на терористите.
Според неофоцијалните податоци, во Авганистан има меѓу 2.600 и 3.000 припадници на ДЕАШ.