Ekipa
26 Август 2017•Ажурирај: 27 Август 2017
ЈЕМЕН (АА) - Американската воена команда во САД соопшти дека се урнал американски хеликоптер од типот „Black Hawk“ во јужниот дел на Јемен, на 32 километри од брегот, јавува Anadolu Agency (AA).
Во писменото соопштение кое го објави седиштето на командата се наведува дека во хеликоптерот кој се урнал за време на обука, се наоѓале 6 членови на екипажот, истакнувајќи дека се спасени 5 членови од екипажот, додека еден се води за исчезнат.
Во соопштението се вели дека во тек се активностите за пронаоѓање на исченатиот член на екипажот.
Во јужниот дел на Јемен се распоредени припадниците на американската армија, со цел да ѝ дадат поддршка на армијата на Јемен, која од почетокот на август започна операција против терористичката организација Ал Каеда во југоисточните делови од земјата.