Ekipa
23 Мај 2016•Ажурирај: 24 Мај 2016
САНА (AA) - Најмалку 45 лица загинаа во двоен бомбашки напад во јужниот пристаништен град Аден, соопштија денес безбедносните функционери, пренесува Anadolu Agency (AA).
Како што соопшти неименувани јеменски функционери, двајца бомбаши самоубијци изведоа напад на млади кои сакаа да и се придружат на војската. Еден напад е изведен со автомобил бомба пред регрутен центар во кој загинаа најмаку 20 лица.
Втор напад изведе бомбаш самоубиец, кој детонираше појас со експлзив меѓу групата регрути кои чекаа пред куќата на воениот командант. Во тој напад загинаа најмалку 25 лица.
Од крај на март минатата година во Јемен се водат судири помеѓу шиитските бунтовници и силите лојални на претседателот Мансур Хадиј.