свет

Во Шри Ланка воведен полициски час, бројот на загинати во нападите се искачи на 207

Утринава се случија напади во местата Кочхикаде, Негомбо и Батикалоа, како и во хотелите „Шангри ла“, „Кинамон гранд“ и „Кингсбури“ во главниот град Коломбо

Gamze Türkoğlu Oğuz  | 21.04.2019 - Обновена : 22.04.2019
Во Шри Ланка воведен полициски час, бројот на загинати во нападите се искачи на 207

КОЛОМБО (АА) - Во нападите на неколку цркви и хотели во Шри Ланка загинаа најмалку 207 лица, а меѓу нив се наоѓаат 27 странски државјани, пренесува Anadolu Agency (AA).

Утринава се случија напади во местата Кочхикаде, Негомбо и Батикалоа, како и во хотелите „Шангри ла“, „Кинамон гранд“ и „Кингсбури“ во главниот град Коломбо.

Потоа беа извршени напади недалеку од Зоолошката градина во Дехивала, предградие на Коломбо и во предградието Детамогода. 

Сѐ уште никој не презеде одговорност за нападите, а министерот за одбрана, Руван Виџевардане, наведува дека се приведени седум лица кои се поврзуваат со нападите.

Воведен е полициски час, а осуди за нападите пристигнуваат од целиот свет.

Шефот на кујната во хотелот „Хилтон Коломбо“, Еркан Бостанџи, работи во хотелот недалеку од Кингсбери, во еден од хотелите во кој е извршен нападот.

Тој за АА рече дека безбедноста во хотелите во земјата не е на особено високо ниво и дека е лесно да се влезе и излезе од хотелите кои беа цел на нападите.

Додаде дека во хотелот во кој работи, се одвивале подготовки за одбележување на Велигден, поради што не ги слушнале експлозиите.

„Ваквите напади во земјата со сигурност не се очекувани. Овие луѓе, дури и кога некој ќе го повиши тонот додека зборува, мислат дека дошло до расправија“, изјави Бостанџи. 


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.