Mehmet Yılmaz
26 Јули 2022•Ажурирај: 28 Јули 2022
БУДИМПЕШТА (АА) - Во Унгарија е измерена највисоката температура во вечерните часови во последните 128 години, во екот на топлотниот бран кој ја зафати Европа, соопшти во понеделник метеоролошката служба на земјата, јавува Агенција Анадолија (АА).
Температура од 25,4 степени Целзиусови измерена е ноќта во недела кон понеделник во главниот град Будимпешта, соопшти унгарскиот Генерален директорат за метеорологија.
Пред тоа највисоката температура на воздухот во вечерните часови е забележана на 24 јули 1894 година во градот Сегедин.
Според прогнозите на метеоролозите, денес се очекува пад на температурите, а во поединечни региони можен е и дожд. Повторниот раст на температурите се очекува во наредните денови.
Европа од минатата недела е на удар од топлотниот бран, кој само во Шпанија и Португалија предизвика смрт на најмалку 1.700 лица.
Во меѓувреме, во југозападниот дел на Франција, во Италија, Грција и други земји шумските пожари уништија илјадници хектари земјиште.