свет

Во терористички напад загинаа петмина полицајци во северозападен Пакистан

- Нападот се случи во округот Карак, што се наоѓа во покраината Хајбер Пахтунхва

Berk Kutay Gökmen, Islam Uddin  | 23.12.2025 - Обновена : 23.12.2025
Во терористички напад загинаа петмина полицајци во северозападен Пакистан

ИСТАНБУЛ / ИСЛАМАБАД (АА) - Пет полицајци се убиени денес откако нивното возило беше цел на терористички напад во северозападната покраина Хајбер Пахтунхва во Пакистан, соопштија официјални лица, известува Анадолу.

Нападот се случи во округот Карак, соопшти пакистанскиот министер за внатрешни работи Мохсин Накви.

Осудувајќи го нападот, министерот Накви рече:

„Нападот врз безбедносниот персонал е јасен чин на варварство од страна на брутални елементи“.

„Пожртвуваноста на загинатите нема да биде залудна, државата ќе одговори со полна сила“, додаде тој.

Голем број припадници на безбедносниот персонал се распоредени во областа во потрага по терористите.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.