свет

Во текот на Рамазан во 182 масакри Израел уби 2.315 Палестинци

- Министерството за здравство во Газа објави дека израелските напади продолжиле без прекин и во текот на месецот на постот Рамазан, дури и се интензивирани во некои денови

Ekrem Biçeroğlu  | 10.04.2024 - Обновена : 12.04.2024
Во текот на Рамазан во 182 масакри Израел уби 2.315 Палестинци

ИСТАНБУЛ (АА) - Израел изведува брутални напади на Појасот Газа од 7. октомври минатата година, а само во изминатиот месец на постот Рамазан, израелските сили извршија најмалку 182 масакри и убија 2.315 Палестинци во блокираната и речиси во потполност девастираната енклава на источниот брег на Медитеранот, известува Анадолу.

Министерството за здравство во Газа објави дека израелските напади продолжиле без прекин и во текот на месецот на постот Рамазан, дури и се интензивирани во некои денови.

Израелската војска извршила 182 масакри во Појасот Газа во текот на месецот на постот Рамазан, и во тие напади уби 2.315 Палестинци.

Последниот ден на рамазан беше и најкрвавиот дена на израелските напади од воздух, копно и море.

Во израелските напади последните 24 часа се убиени најмалку 153 Палестинци, а 3.439 се ранети. Повредените Палестинци се лекуваат под тешки услови во ограничениот број на здравствени установи.

Палестинските единици за цивилна одбрана во Појасот Газа соопштија дека досега се извлечени 409 тела од градот Хан Јунис и болницата Ал Шифа и нејзината околина, откако израелската војска неодамна се повлече од тие места.


- Израелски напади на Појасот Газа

Израел започна смртоносна воена офанзива врз Појасот Газа со неселективно бомбардирање на цивилни населби, училишта, верски објекти и болници по нападот на палестинската група Хамас на 7 октомври, во кој Тел Авив вели дека се убиени речиси 1.200 Израелци, но според зборовите на пилот на Израелските вооружени сили, можно е дел од загинатите Израелци да се жртва на примената на „Ханибаловиот протокол“ од страна на израелската војска.

„Ханибалова директива“ или „Ханибалов протокол“ е контроверзна процедура што ја користат израелските одбранбени сили (ИДФ), со цел да се спречи киднапирање на израелските војници од страна на непријателските сили. Според оваа директива, „киднапирањето мора да се запре со сите средства, дури и по цена на напад и елиминирање на киднапираните“. Овој протокол од страна на Израел е воведен во 1986 година.

Оттогаш се убиени 33.360 Палестинци, од кои 14.500 деца и 9.560 жени, а 75.993 се повредени во услови на масовно уништување и недостаток на неопходни работи.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın