Ruslan Rehimov
17 Ноември 2021•Ажурирај: 18 Ноември 2021
БАКУ (АА) - Министерството за одбрана на Азербејџан соопшти дека во вчерашните судири на границата со Ерменија животот го изгубиле 7 војници на Азербејџанската армија, а 10 се повредени, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението од Министерството се наведува дека меѓу загинатите во судирите што избувнаа како резултат на провокациите на ерменската војска на границата е и еден поручник.
Се наведува дека провокацијата на Ерменија завршила неуспешно и од вчера вечерта состојбата на границата е нормализирана.
Изразувајќи сочувство до семејствата и роднините на војниците, во соопштението се наведува дека целата одговорност за настаните е на раководството на Ереван.
Ерменската армија вчера започна операција во правец на Лачин и Келбеџер со цел да добие поповолни позиции со заземање на одредени високи точки на границата.
Азербејџанската армија исто така започна операција во истата насока и ги спречи нападите на Ерменија.
Со интервенција на Русија, судирите престанаа и беше прогласен прекин на огнот.