Ayşe Aktaş
08 Јануари 2018•Ажурирај: 08 Јануари 2018
АКАПУЛКО (AA) - Осумнаесет лица загинаа во оружени судири во различни делови низ Мексико, пренесува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на државната полиција, Роберто Алварез, изјави дека вооружени напаѓачи извршиле напад врз локалните полициски сили во градот Ла Консепсион.
Алварез истакна дека во инцидентот загинале осум лица меѓу кои двајца полицајци, додека пак, тројца полицајци ги загубија животите во интервенцијата на федералната полиција за конфискување на оружјето на локалните полициски сили.
Локалните медиуми изјавија дека починатите биле припадници на локалните полициски сили.
Федералниот обвинител Хавиер Олеа Пелаез изјави дека околу 30 локални полицајци обвинети за убиство, поседување нелегално оружје и дрога биле приведени.
Во градот Сан Хозе дел Кабо во сојузната мексиканска држава Јужна Долна Калифорнија, при судир на војници со една група, од страна на војниците убиени се седум лица.