Emel Öz Gözellik
24 Мај 2018•Ажурирај: 25 Мај 2018
АНКАРА (АА) - Во Северна Кореја 40 отсто од жителите се недоволно ухранети, пренесува Anadolu Agency (AA).
Од Светската програма за храна на ОН соопшти дека во Северна Кореја, која има 25 милиони жители, најмалку 10 милиони од нив се недоволно ухранети.
Директорот на Светската програма за храна, Дејвид Бисли, изјави дека за време на четиридневната посета на Северна Кореја, можело да се забележи дека особено децата и мајките се недоволно ухранети и дека голем број деца се соочуваат со проблемот на анемичност.
Бисли истакна дека Северна Кореја постојано има потреба од хуманитарна помош.