Abdullah Aşıran
24 Мај 2018•Ажурирај: 24 Мај 2018
БУНИК (АА) - Заедничкиот истражен тим (JIT) утврди дека авионот на „Малезија ерлајнс“ (Malaysia Airlines), MH17, во 2014 година бил соборен од руски проектил над Украина, јавува Anadolu Agency (AA).
На прес-конференцијата беше кажано дека проектилот припаѓал на 53. бригада на Руската војска, лоцирана во Курск.
Истакнато е дека се утврдени сличности помеѓу проектилот, кој околу четири недели пред падот на авионот се наоѓал во конвојот со проектили од руско производство, кој се движел од Курск кон Украина, и проектилот со кој е соборен авионот.
Заедничкиот истражен тим истакна дека по завршувањето на истрагата ќе биде дадено соопштение за тоа кој го лансирал проектилот, поради што од сведоците во овој случај побара помош во добивањето информации.
Авионот МН17, кој на 17 јули 2014 година со 283 патници и 15 членови на екипажот леташе на релацијата Амстердам - Куала Лумпур, беше соборен над Украина, на само 40 километри од руската граница. Загинаа сите 298 лица кои се наоѓаа во авионот.