Muhammed Ali Toruntay
30 Јули 2019•Ажурирај: 30 Јули 2019
АНКАРА
Турските вооружени сили (ТСК) неутрализираа тројца терористи во рамките на воздушната операција реализирана во областа Авашин, во северниот дел на Ирак, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението на Министерството за национална одбрана на Турција објавено на твитер-профилот, во координација со операцијата „Канџа“, реализирана е воздушна операција во подрачјето Авашин, кое се наоѓа во северниот дел на Ирак.
Во рамки на операцијата погодени се цели на сепаратистичката терористичка организација ПКК, кои биле користени како упоришта, засолништа, магацини за муниција и разни видови оружје, а неутрализирани се и тројца терористи.