Safiye Karabacak,Nour Gelle Gedi
09 Ноември 2018•Ажурирај: 11 Ноември 2018
МОГАДИШУ (AA) - Најмалку 12 лица загинаа во бомбашки напад во Могадишу, главниот град на Сомалија, јавува Anadolu Agency (AA).
Според полициски извори, напад со две возила е изведен на хотел кој често го посетуваат владини службеници.
Според последните информации, загинале 12 лица меѓу кои се наоѓаат и самоубијци.
Освен тоа, забележана е и експлозија на паркинг од хотелот, кој се наоѓа во близина на полициска станица.
Според очевидците, вооружените напаѓачи по експлозијата влегле во хотел, а потоа се слушнало и пукање.
Во меѓувреме, вооружена група Ал-Шабаб преку својата интернет страница ја презеде одговорноста за нападите.