Hacer Baser
27 Февруари 2016•Ажурирај: 27 Февруари 2016
ИСТАНБУЛ (АА) - Во експлозија во градот Хама, Сирија, што се случи неколку часа по полноќ, загинаа двајца, а повредени се четири лица, јавува Anadolu Agency (АА).
Според сириска новинска агенција САНА, самоубиецот активирал експлозивна направа поставена на возило на периферијата на Хама. Повредените лица се хоспитализирани.
Покрај тоа, истата агенција пренесува дека на камионот со кој беше извршен нападот, имало околу еден тон експлозивен материјал. Договор за прекин на огнот во Сирија, стапи на сила на 27 февруари на полноќ. Овој договор не се однесува на борбата против терористичките организации во таа област.