свет

Во протестите во Барселона најмалку 62 повредени

Нередите започнаа во Виа Лајетана и се проширија до историската Плаза де Каталуња во центарот на градот, а немири имаше и на плоштадот „Уркинаона“

Zehra Nur Düz  | 19.10.2019 - Обновена : 21.10.2019
Во протестите во Барселона најмалку 62 повредени

БОГОТА (АА) - Шпанскиот град Барселона го мина својот најревносен ден од почетокот на протестите против пресудите на Врховниот суд, кој минатиот понеделник осуди девет сепаратистички лидери за независност на Каталонија, со затворски казни од 9 до 13 години, пренесува Anadolu Agency (AA).

Нередите започнаа во Виа Лајетана и се проширија до историската Плаза де Каталуња во центарот на градот, а немири имаше и на плоштадот „Уркинаона“.

Во протестите во градот, кои се одвиваат веќе пет дена, приведени се 17, а повредени 62 лица.

Сликите од локалните медиуми го покажуваат просторот кај што се одвиваат протестите, полн со отпадоци, и запалена и уништена ограда.

Каталонската полиција, позната како „Мосос де Ескуадра“, соопшти дека пожарите се предизвикани од демонстрантите и упати апел до граѓаните да не се приближуваат до плоштадот „Уркинаона“ и до блиските улици.

Локалните медиуми, исто така, прикажаа дека полицијата фрлала солзавец кон демонстрантите во текот на насилствaта што избувнаа синоќа, откако дента речиси 500.000 луѓе се движеа мирно низ главните улици на Барселона.

Протестите беа свикани под мотото „Марш за слобода“. Демонстрантите беа мобилизирани со знамиња на каталонскиот регион и постери со фрази како „Слобода!“ и „Запрете ја репресијата!“.

Масовните демонстрации следуваа по петдневните протести проследени со постојани судири меѓу полицијата и демонстрантите.

Ургентната медицинска служба на Каталонија соопшти дека во немирите во Каталонија, по објавувањето на пресудите на Врховниот суд, повредени се 400 лица.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın