Alaa Mohamed Aboueleinin Aly,Hamdi Yıldız
09 Мај 2021•Ажурирај: 10 Мај 2021
КУДС
Палестинската Црвена полумесечина соопшти дека 90 лица, меѓу кои и бебиња и деца, се повредени во синоќешниот силен судир што се случи помеѓу Палестинците и израелската полиција во Кудс и околината, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на Црвената полумесечина се наведува дека 19 од повредените се пренесени во болница.
Според соопштението, меѓу повредените се и едногодишно бебе и 5-годишно дете, како и еден здравствен работник.
Се истакнува дека повредите претежно се предизвикани од гумени куршуми и гасни бомби лансирани од страна на израелската полиција кон луѓето.
Во соопштението се нагласува дека исто така израелската полиција користела физичко насилство врз луѓето.
Очевидците во изјава за новинарот на АА нагласија дека една стара жена била повредена во лицето како резултат на лансираната гасна бомба, и дека израелските полицајци привеле најмалку 7 Палестинци.
Тие истакнаа дека израелската полиција со вода под притисок интервенирала врз Палестинците кои се собрале во близина на Портата на Дамаск.
Според соопштението на Дирекцијата на исламски вакуфи, и покрај пречките на Израел, 90.000 лица синоќа се наоѓале во џамијата „Ал Акса“ по повод Лејлетул Кадр (Ноќта на кадр).