Turgut Alp Boyraz
09 Мај 2021•Ажурирај: 09 Мај 2021
КУДС
Израелската полиција повреди 10 лица во интервенцијата со гумени куршуми и звучни бомби врз муслиманите по излегувањето од утринската молитва во џамијата „Ал Акса“, јавува Агенција Анадолија (АА).
По утринската молитва во Харем-и Шериф, стотици лица се собраа на ова место, а носеа знамиња на Палестина и Хамас.
Стотиците лица извикуваа пароли како „Акса, нека ни е жртвуван животот за тебе“ и „Сите ние сме Шејх Џерах“ (име на населба во Источен Кудс од каде што Израел сака да ги отстрани Палестинците од нивните домови), а потоа маршираа кон различните порти на Акса.
Како што пренесе фоторепортерот на АА од местото на настанот, израелските полицајци причекале на излезот на две порти на Акса, а потоа интервенирале со гумени куршуми и звучни бомби врз муслиманите што излегувале од Акса.
Младите Палестинците ѝ возвратија на полицијата со камења и шишиња.
Според соопштението на палестинската Црвена полумесечина, во интервенцијата на израелските полицајци со гумени куршуми биле повредени 10 Палестинци.
Израелската полиција приведе неколку млади Палестинци. Интервенцијата траеше околу половина час, а потоа состојбата се врати во нормала.