Aynur Ekiz
14 Јули 2017•Ажурирај: 15 Јули 2017
АНКАРА (AA) - Шефот на Управата за верски работи на Турција Мехмет Ѓормез во врска со денешното затворање на џамијата Ал-Акса во Ерусалим од страна на израелската полиција рече дека не може да постои никаков оправдан изговор за затворање на верски објект каков што е Ал-Акса, јавува Anadolu Agency (AA).
„Не може да постои никакво легитимно оправдување за затворање на верски објект каков што е џамијата Ал-Акса", напиша Ѓормез на Твитер профилот.
Џамијата Ал-Акса е затворена и во неа денеска не е извршена петочната молитва (џума намаз). Ѓормез додаде дека од 1967 година прв пат не можеше да биде извршен џума намаз во оваа џамија.
Освен тоа, блокирани се влезовите во делот на градот во кој се наоѓа џамијата Ал-Акса. На влезовите во градот се наоѓа голем број на израелските полицајци, а над градот е виден и хеликоптер.
Откако утрово е затворена џамијата Ал-Акса во Ерусалим, стотици Палестинци ја извршија петочната молитва над ѕидините на Стариот град, односно комплексот Ал-Акса.