Sayed Khodaiberdi Sadat
01 Мај 2020•Ажурирај: 02 Мај 2020
КАБУЛ
Талибански милитанти извршија оружен напад врз две воени станици во провинциите Белх и Логар. Во нападите животот го загубија 10 војници, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на авганистанското Министерство за одбрана се вели дека милитантите извршиле оружен напад на воена станица во местото Зари во провинцијата Белх.
„Во нападот загинаа 6 војници, а 5 војници се ранети“, се вели во соопштението.
Талибанските милитанти извеле напад и врз местото Бараки Барак во провинцијата Логар. Во овој напад загинале 4 војници, а 5 војници се ранети.
Во соопштението се истакнува дека во судирот меѓу двете страни убиени се 15 милитанти, а шестмина се ранети.
Талибанската страна засега не излезе со какво било соопштение во врска со настанот.