Zehra Ulucak
05 Мај 2019•Ажурирај: 06 Мај 2019
АНКАРА (АА) - Во налет на циклонот Фани, кој во петокот утрото ја погоди Индија, загинаа најмалку 16 лица, пренесува Anadolu Agency (AA).
Индиските медиуми, врз основа на изјавите на официјалните претставници, јавија дека постои стравување дека бројот на настрадани може да порасне. Исто така, јачината на циклонот делумно е намалена, со што циклонот премина во тропска бура.
Во неколку подрачја на индиската сојузна држава Одиша причинета е значителна материјална штета на инфраструктурата, на електричната и комуникациската мрежа, како и на станбените и деловните објекти.
Од Кабинетот на премиерот на Одиша во петокот беше соопштено дека се евакуирани над милион луѓе. Пред два дека се откажани голем број авионски и железнички линии, а стопирана е и наставата во училиштата.