Mehmet Nuri Uçar
30 Август 2020•Ажурирај: 31 Август 2020
ТРИПОЛИ (АА) - Портпаролот на либиската Армија, полковник Мухамед Кунуну, соопшти дека 112 оружени возила со платеници пристигнале во централниот град Хун во покраината Џуфра за поддршка на Калифа Хафтар, водачот на нелегитимните вооружени сили на истокот на земјата, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Регистриравме пристигнување на 112 оружени возила од истокот на земјата во централниот град Хун во покраината Џуфра за да го поддржат Хафтар и нивно распоредување во три училишни облекти“, рече Кунуну во писмената изјава објавена од страна на прес-службата на операцијата „Вулкан на гневот“, спроведена од либиската Армија.
Кунуну изјави дека во возилата што пристигнале во имало стотици припадници на милицијата, вклучително и платеници поврзани со руската безбедносна компанија „Вагнер“, суданските милиции „Канкавид“ и сириски и јеменски платеници.
Тој истакна дека во последните часови во градот Сирт пристигнале 70 воени возила со муниција на суданските милиции „Канкавид“, кои ја поддржуваат терористичката милиција на Хафтар.
На 27 август, либиската Армија објави дека милициите на Калифа Хафтар извршиле ракетен напад врз воените единици западно од Сирт, кршејќи го прекинот на огнот.