Sinan Doğan,Muhammet Nazım Taşcı
30 Август 2020•Ажурирај: 31 Август 2020
АНКАРА (АА) - Како последица на новиот тип коронавирус (Ковид-19), во последните 24 часа во Индија починаа 948 лицa, во Бразил 758, а во Мексико 673, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на Министерството за здравство на Индија се вели дека како последица на Ковид-19 во изминатото деноноќие починале уште 948 лица, со што вкупниот број на починати од овој вирус се искачи на 63.498.
Вкупната бројка на дијагностицирани случаи порасна на 3.542.733, со зголемување од 78.761 во последните 24 часа.
Досега во Индија од Ковид-19 оздравеа 2.713.933 лица заразени со коронавирусот.
- Бразил -
Според соопштението на Министерството за здравство на Бразил, со починатите 758 лицa во последните 24 часа, вкупниот број на смртни случаи од Ковид-19 во земјата се зголеми на 120.262 лицa.
Во Бразил дијагностицирани се 41.350 новозаразени, со што вкупниот број на дијагностицирани случаи на коронавирусот порасна на 3.846.153.
Бројот на оздравени лица од овој вирус во земјата изнесува 3.006.812.
Бразил, чие население брои 211 милиони жители, се смета за епицентар на пандемијата во Латинска Америка.
- Мексико -
Според податоците на Министерството за здравство на Мексико, во последните 24 часа од коронавирусот починале уште 673 лица.
Заедно со починатите во последните 24 часа, вкупниот број на смртни случаи во земјата се зголеми на 63.819.
Во Мексико во последното деноноќие откриени се 5.974 нови случаи на Ковид-19, со што вкупниот број на лица позитивни на вирусот во земјата се искачи на 591.712.
Досега во Мексико оздравеа 409.127 лица заразени со Ковид-19.