Adham Kako
11 Јануари 2018•Ажурирај: 11 Јануари 2018
АНКАРА (АА) - Во текот на последните два дена најмалку 40 цивили загинаа во воздушните напади во Источна Гута, која се наоѓа под опсада на вооружените сили на Башар ал-Асад, јавува Anadolu Agency (AA).
Силите на Асад последните два дена извршуваат жестоки воздушни и артилериски напади врз местата Дума, Хараста Еин Тарма, Бејт Сава, Сакба, Арбин, Марџ, Медјере и Хамура.
Според наводите на Цивилната заштита на Источна Гута, некои од областите на овој сириски град биле изложени на напади од силите на Асад. Притоа во местото Медјере и Арбин регистрирана е по една цивилна жртва.
Од Цивилната заштита на Источна Гута изјавија дека бројот на загинати лица во вчерашниот воздушен напад во Хамура се зголеми на 25.
Во нападите на режимските сили во вторникот во Сакба загинаа тројца, а во Хареста, Арбин, Медјере по еден цивил. Во артилериските напади во Дума починаа седум цивили.
Тимовите за Цивилна заштита за време на досегашната потрага по исчезнатите лица под рушевините на зградите успеаја да спасат голем број лица.
Сепак, сè уште постои страв од пораст на бројот на цивилните жртви.
Според податоците на Цивилната заштита, во текот на претходните 13 дена во нападите на силите на Асад и на руската војска во Источна Гута загинаа 161 цивил.
Во Источна Гута, која е под контрола на опозицијата, живеат околу 400 000 цивили, а половина од нив се деца. Опсадата во Источна Гута, која е една од зоните без судири, се интензивираше во последните девет месеци.
Во областа каде хуманитарната криза се продлабочува неколку илјадници болни чекаат за евакуација, од кои на повеќе од 600 им треба итна евакуација.
Повеќето од болните се деца и заболени од рак, чија болест е во поодмината фаза. До денес, поради недостаток на храна и лекови починаа голем број деца од Источн
а Гута.