Ecenur Çolak
11 Јануари 2018•Ажурирај: 11 Јануари 2018
РИМ (АА) - Во главниот град на Италија, Рим, денес се одржа Самитот на земјите од Јужна Европа во организација на италијанскиот премиер Паоло Џентилони, јавува Anadolu Agency (AA).
На четвртиот Самит на земјите од Јужна Европа присуствуваа лидерите на Италија, Франција, Шпанија, Португалија, Грција, Малта и на Кипар.
Главна тема на разговорите беше прашањето на приливот на мигранти во Европа од земјите осиромашени и разрушени од војни.
На дневен ред беа и прашањата за иднината на еврозоната, напорите за поттикнување на растот, вработувањето и инвестициите, како и подготовките за изборите за Европскиот парламент во 2019 година.
Лидерите на земјите од Јужна Европа разговараа и за можното дополнување на Даблинскиот договор за мигранти и за Брегзит.
Во четврток се очекува средба на Џентилони со францускиот претседател Емануел Макрон.
Ова е четвртиот состанок на „седумте јужни“, откако грчкиот премиер Алексис Ципрас ја покрена иницијативата во 2016 година.