Mohammad Sıo
08 Јануари 2024•Ажурирај: 08 Јануари 2024
ГАЗА (АА) - Најмалку 16 Палестинци загинаа, а десетици се повредени во серија израелски воздушни напади врз централните и јужните градови на Појасот Газа синоќа, јавува Анадолу.
Израелски авиони бомбардираа куќа во градот Кан Јунис во кои имало раселени лица, објави денес палестинската новинска агенција ВАФА, додавајќи дека во нападите загинале најмалку 12 цивили, а 50 се повредени.
Воени авиони, исто така, бомбардираа училиште на Обединетите нации користено како засолниште за раселените лица во бегалскиот камп Ал-Магази во централниот дел на Појасот Газа.
Според новинската агенција, загинале четворица цивили, меѓу кои и една жена.
Израел започна воздушни и копнени напади врз Појасот Газа по прекуграничниот напад на Хамас на 7 октомври.
Според здравствените власти во Газа, во нападите загинати се најмалку 22.800 Палестинци, а 58.416 биле ранети.
Израелските напади ја оставија Газа во урнатини, со 60 отсто од инфраструктурата на енклавата оштетена или уништена, со речиси 2 милиони жители раселени, а постои и сериозен недостиг на храна, чиста вода и лекови.