свет

Во израелските напади врз Појасот Газа за 174 дена се убиени 32.552 Палестинци

- Палестинското Министерство за здравство во Газа објави дека во израелските напади во последните 24 часа загинале уште 62 Палестинци, а 91 се ранети.

Ekrem Biçeroğlu  | 28.03.2024 - Обновена : 29.03.2024
Во израелските напади врз Појасот Газа за 174 дена се убиени 32.552 Палестинци

ИСТАНБУЛ (АА) - Во израелските напади врз Појасот Газа, што траат од 7 октомври минатата година, загинаа 32.552 Палестинци, пренесува Анадолу.

Палестинското Министерство за здравство во Газа објави информации за израелските напади врз Појасот Газа што траат 174 дена.

Соопштено е дека во израелските напади во последните 24 часа загинале уште 62 Палестинци, а 91 се ранети.

Тие потврдија дека од 7 октомври досега се убиени 32.552 Палестинци, а 74.980 се ранети.

Тие додаваат дека сѐ уште има тела под урнатините и покрај патот, но поради блокадите на израелските сили, медицинските тимови и службениците за цивилна заштита не можат да стигнат до нив.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın