свет

Израелската Армија уби повеќе од 200 Палестинци во болницата Ал-Шифа во Газа

- Израелските сили убија повеќе од 200 Палестинци за време на нивниот тековен напад на болницата Ал-Шифа во градот Газа, соопшти Армијата

Rania R.a. Abushamala  | 28.03.2024 - Обновена : 29.03.2024
Израелската Армија уби повеќе од 200 Палестинци во болницата Ал-Шифа во Газа

КУДС (АА) - Израелските сили убија повеќе од 200 Палестинци за време на нивниот тековен напад на болницата Ал-Шифа во градот Газа, соопшти Армијата, јавува Анадолу.

Во соопштението на Армијата се вели дека армиските сили сѐ уште се борат во болницата.

„Околу 200 саботери се елиминирани“, се додава во соопштението.

Армијата тврдеше дека нејзините сили ги евакуирале цивилите, пациентите и медицинскиот персонал во друг дел од болницата „што Армијата го подготви и воспостави за да овозможи продолжување на соодветниот медицински третман“.

Израелската Армија на 18 март изврши рација во болницата, најголемата медицинска установа во Појасот Газа во која се сместени илјадници пациенти и раселени лица.

Израел спроведува смртоносна воена офанзива врз палестинската енклава по прекуграничниот напад на Хамас на 7 октомври.

Над 32.500 Палестинци оттогаш се убиени, а речиси 75.000 се повредени во услови на масовно уништување и недостиг на неопходни работи.

Според Обединетите нации, израелската војна принуди 85 отсто од населението на Газа внатрешно да се расели, а постои и акутен недостиг на храна, чиста вода и лекови, додека 60 отсто од инфраструктурата на енклавата се оштетени или уништени.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата, кој со привремената одлука во јануари му нареди на Тел Авив да ги запре геноцидните дејства и да преземе мерки за да гарантира хуманитарна помош за цивилите во Газа.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.