Ikrame Imane Kouachi
10 Ноември 2024•Ажурирај: 11 Ноември 2024
БЕЈРУТ (АА) - Најмалку 27 лица се убиени во израелските воздушни напади денес во источен и јужен Либан, соопшти Министерството за здравство, јавува Анадолу.
Министерството истакна дека во израелски напад во источниот град Аламат во дистриктот Џбеил убиени се 20 лица, од кои три деца.
Се додава дека во нападот се повредени уште шестмина, и дека сѐ уште траат операциите за потрага по преживеани.
Според Министерството, три лица се убиени, а уште две се повредени во напад на израелски воени авиони во градот Машгара во источен Либан.
Уште едно лице е убиени, а четири лица се повредени во друг напад во Сохмор во западниот дел на регионот Бека во источен Либан, соопшти Министерството.
Тројца болничари, исто така, ги загубиле животите во израелски воздушен напад врз здравствен центар во градот Адлун во јужен Либан.
Големата израелска воздушна кампања во Либан трае од крајот на септември против, како што тврди Израел, позиции на Хезболах, што претставува ескалација на едногодишната прекугранична војна од почетокот на војната во Газа.
Во израелските напади врз Либан од октомври минатата година убиени се над 3.100 луѓе, а над 13.800 се повредени, според либанските здравствени власти.