Mahmoud Barakat
13 Ноември 2019•Ажурирај: 13 Ноември 2019
ГАЗА (АА) - Најмалку двајца Палестинци загинаа во воздушниот напад на израелските сили извршен денес врз Појасот Газа, јавува Anadolu Agency (AA).
„Првата жртва е Халед Фараџ (38), еден од челниците на бригадата „Ал Кудс“, военото крило на Исламски џихад“, соопшти Министерството за здравство на Палестина, кое не го соопшти идентитетот на другата жртва.
Вклучувајќи ги и настраданите денес, од вчера во Појасот Газа загинаа 12 лица, а 45 се ранети.
Состојбата во Газа ескалираше вчера изутрина по израелскиот воздушен напад во кој загина Баха Ебу ал Ата, командантот на „Исламски џихад“. Загина и неговата сопруга, Есма Ебу ал Ата.
Израелските авиони вчера извршија и воздушни напади чија цел беше членот на „Исламски џихад“, Акрам ал Аџури. Две лица загинаа, вклучувајќи го и неговиот син, додека десет лица се ранети. Меѓу нив не е Ал Аџури.