Muhammed Emin Canik
13 Ноември 2019•Ажурирај: 14 Ноември 2019
БУЕНОС АИРЕС (АА) - Откако претседателот на Боливија, Ево Моралес, поднесе оставка поради уличните демонстрации на опозицијата и притисокот на Војската, избран е привремен претседател на државата кој во рок од 90 дена треба да одржи предвремени избори, јавува Anadolu Agency (AA).
На седницата одржана во Мултинационалното законодавно собрание (АЛП) на Боливија, и покрај тоа што не беше постигнато мнозинство, Жанин Анес, заменик-претседателката на Собранието на сенатори (Горниот дом на АЛП), беше избрана за привремен претседател на државата.
Поддржувачите на Моралес во главниот град на земјата, Ла Пас, продолжуваат со уличните демонстрации, а на седницата во АЛП не беше постигнато мнозинство поради тоа што на седницата не учествуваa членовите на Партијата на социјалистичко движење, чиј лидер е Моралес.
Анес рече дека во случај на отсуство на претседателот на државата, неговиот заменик, како и претседателот на Сенатот, законите ѝ овозможуваат да биде привремен претседател на државата.
Таа истакна дека ќе направи сè за да се постигне мир во земјата, и дека во најкраток рок ќе се оди на општи избори во земјата.
Се очекува Анес во рок од 90 дена да ја води земјата на предвремени избори за избирање на новиот претседател на државата.