Alperen Aktaş
25 Октомври 2024•Ажурирај: 27 Октомври 2024
ИСТАНБУЛ (АА) - Израелските воздухопловни сили извршија воздушен напад рано утринава врз хотел јужно од либанската престолнина Бејрут, каде што се сместени новинари, при што загинаа тројца медиумски работници, објавија државните медиуми, пренесува Анадолу.
Либанската национална новинска агенција (ННА) објави дека израелските воздухопловни сили нападнале хотел во градот Хасбаја во кој престојувале новинари.
Според првите извештаи од терен, тројцата убиени се идентификувани како снимателот на ТВ Ал-Манар, Висам Касем, камерманот на ТВ Ал-Мајадин, Гасан Наџар и техничарот на Ал-Мајадин, Мухамад Реда. Повредени се и неколку новинари и фотографи од други медиумски куќи.
Минатиот месец Израел започна масовни воздушни напади низ Либан против, како што вели, локации на Хезболах.
Израел на 1 октомври оваа година го прошири конфликтот со започнување копнен напад во јужен Либан.