Ikrame Imane Kouachi
25 Октомври 2024•Ажурирај: 27 Октомври 2024
ИСТАНБУЛ (АА) - Израелската армија денес соопшти дека спречила обид на група Израелци од крајната десница да влезат во Појасот Газа, пренесува Анадолу.
Според израелското армиско радио, групата Израелци ја пробила безбедносната бариера со намера да влезе во Газа.
Радиото ја цитираше армијата дека групата „стигнала до подрачјето на ѕидот меѓу Израел и Газа, но не преминала во енклавата“.
Армијата додаде дека „ги спречила членовите на групата да влезат во Газа и уапсила неколкумина од нив“.
Израел продолжи со разорната офанзива во Газа по минатогодишниот напад на палестинската група на отпорот Хамас и покрај резолуцијата на Советот за безбедност на ОН со која се бара итен прекин на огнот.
Според локалните здравствени власти, оттогаш се убиени повеќе од 42.800 Палестинци, главно жени и деца, а над 100.500 се повредени.
Израел се соочува со случај за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата поради неговите постапки во Газа.