Ali Semerci
10 Јануари 2024•Ажурирај: 11 Јануари 2024
ГАЗА (АА) - 15 Палестинци загинаа во израелски напад врз Рафа во јужниот дел на Појасот Газа, јавува Анадолу.
Според вестите на државната палестинска новинска агенција ВАФА, израелските воени авиони извршиле воздушен напад врз куќата на семејството Навфел во населбата Тел ес Султан во западна Рафа.
Во нападот убиени се најмалку 15 Палестинци, а голем број се повредени.
Официјални претставници на кувајтската болница во Рафа наведоа дека во болницата биле донесени телата на 15 лица.