Gökhan Ergöçün
10 Јануари 2024•Ажурирај: 15 Јануари 2024
ИСТАНБУЛ (АА) - Турскиот бренд на електрични автомобили Тог (Togg) го претстави својот нов модел на седан на големиот саем за потрошувачка електроника „CES 2024“ во Лас Вегас, Соединетите Американски Држави (САД), јавува Анадолу.
„Моделот со 'fastback' линии е наречен T10F“, објави компанијата на социјалната мрежа X.
Компанијата Тог го претстави првиот прототип на електрично возило во Туркије во декември 2019 година.
Во 2022 година, компанијата ја започна фазата на масовно производство на својот прв модел, T10X, и почна да го испорачува до купувачите минатата година.
Досега се испорачани околу 20.000 автомобили T10X.
Целта на компанијата е да произведе еден милион возила, пет различни модели, до 2030 година.
Тог, кој стана симбол на напредокот на Туркије во високата технологија, се очекува да претстави нови модели во наредниот период.