Ahmed Asmar
23 Април 2024•Ажурирај: 24 Април 2024
РАМАЛА (АА) - Палестинското Министерство за здравство денес соопшти дека во изминатите 200 дена од страна на израелските сили и нелегалните доселеници низ окупираниот Западен Брег убиени се 487 Палестинци, јавува Анадолу.
Околу 4.900 Палестинци од Западниот Брег и Ерусалим (Кудс) се повредени од 7 октомври, се вели во соопштението на Министерството.
Меѓу убиените Палестинци 122 се деца, 4 жени, 5 постари лица, како и 10 притвореници кои починале во израелските затвори, нагласи Министерството.
Тензиите низ Западниот Брег посебно ескалираа откако Израел ја започна смртоносната воена офанзива во Појасот Газа по прекуграничниот напад на Хамас на 7 октомври 2023 година.
Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата. Привремената пресуда во јануари му нареди на Тел Авив да ги запре геноцидните акти и да преземе мерки за гаранција дека хуманитарната помош ќе стигне до цивилите во Газа.