Gökhan Kavak
24 Декември 2020•Ажурирај: 25 Декември 2020
ИСТАНБУЛ (АА) - Најмалку 5 владини службеници се приведени во провинцијата Бенишангул Гумуз на западот на Етиопија во врска со убиството на десетици цивили во нападот на вооружени групи врз едно село, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во писмената изјава од канцеларијата за односи со јавноста на провинцијата се наведува дека приведените се осомничени дека се поврзани со нападот и дека работат во сојузната и државната администрација.
Во провинцијата Бенишангул Гумуз во западна Етиопија, вооружени групи убија десетици цивили при напад на село.
Некои локални медиуми соопштија дека во нападот загинале 90 лица.
- Ветување од премиерот за „ставање крај на насилството“ -
Етиопскиот премиер Абиј Ахмед, вети дека ќе ги „прекине етничките конфликти и насилството во регионот“.
Владата тврди дека бунтовничкиот Народен ослободителен фронт „Тиграј“ е вклучен во судирите во регионот, кои ескалираа во последните месеци.