Ruslan Rehimov
30 Септември 2020•Ажурирај: 30 Септември 2020
БАКУ (АА) - Бројот на цивили кои загинаа во нападите на ерменската Армија изведени врз цивилни населби во Азербејџан се искачи на 15, а бројот на повредени на 49 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението од Главното обвинителство на Азербејџан се истакнува дека ерменските сили извршиле напади и врз јавни објекти, здравствени домови, училишта и градинки.
Во нападите извршени од ерменската Армија од 27 септември уништени се 116 домови и 26 јавни објекти.
Бројот на азербејџански цивили кои ги загубија животите во нападите на Ерменија се зголеми на 15, а бројот на повредени на 49.
Главното обвинителство спроведува истраги за нападите.