Dilara Hamit
13 Октомври 2020•Ажурирај: 14 Октомври 2020
БАКУ (АА) - Најмалку 42 цивили загинаа во нападите што ерменските сили ги извршуваат во Азербејџан, додека 206 лица се повредени, се соопштува од Канцеларијата на генералниот обвинител на Азербејџан, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението се вели дека во нападите што се извршуваат од 27 септември досега се уништени 479 куќи, 66 станови и 241 јавни објекти.
Пограничните судири избувнаа на 27 септември, кога ерменските сили започнаа со напади врз азербејџанските цивилни населби и воени позиции, што резултираше со жртви.
Односите меѓу двете поранешни советски републики се тензични од 1991 година, кога ерменската Војска го окупира Нагорно Карабах, меѓународно призната територија на Азербејџан.
Околу 20 отсто од територијата на Азербејџан остана под нелегална ерменска окупација околу три децении.
По трилатералниот состанок одржан во Москва меѓу министрите за надворешни работи на Русија, Азербејџан и Ерменија, во саботата беше прогласено хуманитарно примирје за размена на затвореници и за извлекување на телата од војниците на двете страни во Нагорно Карабах, меѓународно призната територија на Азербејџан.
Сепак, ерменските сили извршија ракетен напад врз вториот по големина азербејџански град, Ганџа, во неделата околу 2.00 часот по полноќ по локално време, и покрај тоа што регионот е надвор од зоната на фронтот - кршејќи го примирјето меѓу двете страни, при што се убиени 10, а ранети се 35 цивили, вклучително и жени и деца.